Бруто домашниот производ (БДП) на Германија се очекува да се намали за 0,2 отсто оваа го дина, соопшти владата вo средата, остро намалувајќи ја својата пролетна прогноза, во услови на влошени очекувања за трошоците на домаќинствата и инвестициите на компанијата.
Според прогнозата од крајот на април, најголемата европска економија годинава требаше да порасне за 0,3 отсто, по истиот процентуален пад во 2023 година.
Во 2025 година, Министерството сега очекува активноста да порасне за 1,1 отсто, што е само 0,1 процентен поен повисоко отколку што прогнозираа минатата пролет. Во 2026 година, пак, растот би требало малку да се забрза, на 1,6 отсто.
Потрошувачката на домаќинствата годинава треба да порасне за само 0,2 отсто, покажуваат новите пресметки. Во април Министерството процени дека ќе порасне за 0,9 отсто.
Бруто-инвестициите на компаниите во фиксен капитал годинава ќе се намалат за 3,4 отсто, приближно четири пати посилно отколку што прогнозираа досега.
Светла точка во новите прогнози е стагнацијата на извозот. Пролетта министерството очекуваше тој да се намали за 0,6 отсто.
Во следната година потрошувачката на домаќинствата треба да закрепне, а ќе се зајакне и странската побарувачка за германски индустриски производи, што може да ја подобри атмосферата во германските компании, забележува Министерството.
Растот на потрошувачките цени годинава треба нагло да забави, на 2,2 отсто од ланските 5,9 отсто. Треба да се забави до два отсто во 2025 година и до 1,9 отсто во 2026 година.
Стапката на невработеност годинава треба да се искачи на 6,0 отсто и да биде за 0,3 процентни поени повисока од лани. Во 2025 година, таа треба да биде само малку пониска и да се лизне на 5,5 проценти во 2026 година.
Владата неодамна предложи стимулативен пакет за економијата кој вклучува даночни олеснувања, стимулации за работа и субвенции за електрична енергија. Доколку овие мерки „целосно се спроведат, економијата ќе зајакне и повеќе граѓани повторно ќе најдат работа“, рече министерот за економија Роберт Хабек на презентацијата на новите проекции во Берлин.