Германската Влада сака да го продолжи предупредувањето за патување

Германската Влада има намера да продолжи да апелира да не се патува, до средина на јуни.

Германското Министерство за надворешни работи достави таков предлог до Владата.

Во предлогот, за кој треба да одлучи Владата, пишува дека досегашното предупредување за патување треба да се продолжи, барем до средината на јуни.

Ситуацијата треба да се анализира пред тој датум, а во тој поглед Германија, пред се треба да се координира со соседите од ЕУ.

Во предлогот останува отворено прашањето дали ќе бидат возможни патувањата за летниот распуст, што во некои покраини почнуваат кон крајот на јуни.

Предупредувањето се однесува на тоа дека патувањата во странство во наредните недели нема да бидат возможни.