Германската железница планира транспорт на пченица од Украина до германските пристаништа

Германската државна железничка компанија „Deutsche Bahn“ објави дека планира да ја транспортира пченицата со товарни возови од Украина во германските пристаништа, откако војната црноморските пристаништа поради минирањето од страна на украинската војска и пред руската офанзива го блокираа извозот на житарки преку Црното Море.

Од „ Deutsche Bahn“ објавија дека својата мрежа за испорака на хуманитарна помош ќе ја трансформираат за превезување житарки од Украина во германските пристаништа Рошток, Хамбург о Браке близу Бремерхавен.

Компанијата за таа цел планира да воведе неколку товарни возови седмично, а голем дел од житарките ќе бидат транспортирани преку Романија и Полска, според „Deutsche Bahn“, додавајќи дека сѐ уште не можат да прецизираат колку житарки ќе можат да пренесат.

„Ќе превеземе што е можно повеќе житарки“, рекол портпаролот на компанијата за германската новинска агенција DPA која додава дека „руската инвазија го запре овој извоз, оставајќи насукани десетици бродови и околу 20 милиони тони житарки заглавени во силосите во Одеса, што доведе до скок на цените на прехранбените производи“.

Агенцијата, исто така, изведува податок дека во вкупното производство на пченица во светот уделот на Украина е само 7 отсто, но дека „кога станува збор за висококвалитетна пченица, нејзиниот удел се искачува на дури петтина“ од светското производство.