До неодамна, Македонија беше лидер во отварањето на нови фабрики и нови работни места, меѓутоа откако на власт дојде Зоран Заев и СДСМ, Македонија е заборавена од странските инвеститори.
Најнов доказ за ова е најавата за нова германска фабрика во Србија која ќе донесе илјада вработувања. Српските медиуми пишуваат дека германската компанија “Friedrishafen” ќе гради фабрика во Панчево.
„Компанијата уште во правата фаза ќе вработи 540 лица, а планот е да бидат вработено околу 1000. Следната година инвестицијата ќе изнесува 40 милиони евра, во 2020-та година ќе инвестира уште 25 милиони, а во 2021-ва година ќе вложат уште нови 20 милиони евра“, пишуваат медиумите пренесувајќи официјално соопштение.