Полицијата во источногерманскиот град Лајпциг по налог на државнот обвинителство во Карлсруе уапсела германски деловен човек под обвинение дека на руската воена индустрија и покрај ембаргото ѝ продавал софистицирана германска технологија коај би можела да биде употребена во производството на ракети за војската.
„Постои основано сомневање дека осомничениот во два наврата без дозвола на министерството за економија извезувал во Русија машини и опрема од германски производители“, се наведува во соопштенеито на Главното државно обвинителство во Карслруе кое ги презема случаите ко се проценети како загрозување на германскиот уставен поредок.
Осомничениот идентифокуван според германските прописи како Александер С., преку компанија во Русија, за којашто било наводно познато дека дејствува како параван за руските тајни служби, продавал високоспецијализирани машини кои биле наменети за руската воена индустрија.
Конкретно, според соопштението, станува збор за производство мотори за ракетите кои ги користи руската војска.
„Осомничениот во текот на 2019 година продал две машинии и еден апарат на Русија без дозвола од Сојузното биро за стопанство и контрола на извозор (BAFA) со тоа што навел погрешен примач на пратката за да го сокрие вистинскиот купувач“, се додава во соопштението.
Извозот и продажбата на опрема во Русија којашто би можела да биде употребена во воени цели е забранета по прозападниот преврат во Украина во 2014 година и бунтот на рускојазичните југоисточни региони поради укинувањето на некои дотогашни етнојазични права и закони, за што Западот ја обвинува Москва.