Германската разузнавачка служба (Bundesnachrichtendienst – BND) тврди дека наводно пресретнала комуникација на руската војска којашто го документирала договорот околу масакрот во киевското предградие Буча, пишува неделникот Spiegel во четвртокот.
Според еден извештај кој BND го испратил до соодветните парламентарни комисии, комуникацијата меѓу руските војници докажувала наводно дека не станува збор за случајни злосторства на поедини војници, туку за планирана стратегија.
„Материјалот покажува дека убиствата на цивили се дел од вообичаена постапка на руската војска кои служат за застравушање на населението и спречувањето на отпорот“, го цитира Spiegel извештајот на BND.
Според германското разузнавање, делови од снимената комуникација можат дуректно да се поврзаст со конкретни жртви коишто подоцна се фотографирани. Но не се појаснува како е идентификувано дека станува збор за руски војници.
Весникот наведува дека во еден разговор војник опишува како со свој колега застрелал едно лице на велосипед. Подоцна фотографија на жртва која лежи убиена крај свој велосипед го обиколи светот. Но, сѐ уште нема потврда на автентичноста на фотографиите.
Во вторникот Русија во Обединетите нации ги презентираше руските аргументи во врска со ситауцијата околу објавувањето на потресните снимки од Буча, што Москва го отфрли како провокација од страна на украинските власти и западните медиуми.
Руското министерство за одбрана викендов објави дека во периодот која Буча била под контрола на руските единици „ниеден локален жител не претрпел никакви насилни дејство“. Беше додадено дека војскиата целосно ја напуштила Буча на 30-ти септември, а дека дотогаш северниот излез од градот не бил блокиран, а додека јужните станбени делови биле гранатирани од украинските сили.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Русија катагорично негира секакви обвинувања за вмешаност на руските сили во гинењето на цивили во Буча и ги повика членките на Советот за безбедност на ОН да се „апстрахираат од емоционалната перцепција, којашто се заснова на нешто неосновано, туку да размислат со своја глава и да ги споредат фактите“. Според него, станува збор за „монструозен фалсификат“, чијашто цел е оцрнување на руската армија.
Двајца поранешни министри на Германија, за внатрешни работи Гергархт Бао и за правосудство Сабине Лијтхојсер-Шнаренбергер, планираат да подигнат обвиниение против руското водство и поедини војници поради сомневање во сорени воени злосторства. Според меѓународниот кривичен закон тие моќжат и во Германија да бидат изведени пред суд, како што тоа беше со лица обвинети за злосторства против човечноста во војната во Сирија, но стануваше збор за германски државјани или лица со привремен престој.
Истовремено шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок изјави во четврток на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО дека Алијансата се обидува да ја зголеми својата помош за Киев со „различно воено оружје“.
„Внимателно гледаме со нашите партнери како можеме да ја поддржиме Украина во иднина, поинтензивно и покоординирано, бидејќи тие имаат право на самоодбрана и ние тоа право на самообдрана ќе го поддржиме со различни партнери“, рече Бербок.
„Разговорите за тоа се водат и меѓу земјите членки на групата Г7“, додаде Бербок.