Германското Министерство за надворешни работи во петокот соопшти дека германски државјанин е осуден на смрт во Белорусија и дека Берлин е во интензивна комуникација со властите во Минск за неговата судбина. Белорусија е единствената земја во Европа која сè уште ја спроведува смртната казна.
Германското министерство не го именуваше својот државјанин, но претходно во петокот белоруската организација за човекови права Вијасна, финансирана од западни извори и дејствува главно од западните земји, соопшти дека германскиот државјанин Рико Кригер бил осуден на смрт во Белорусија под обвинение за тероризам и платеничка активност, повикувајќи се на анонимни извори.
Во соопштението објавено на својата веб-страница, Вијасна анведува дека Кригер е во притвор од ноември 2023 година и ќе биде осуден во јуни 2024 година.
Германското Министерство за надворешни работи наведува дека заедно со амбасадата во Минск „на дотичниот му пружаат конзуларна поддршка и во негово име интензивно соработуваат со белоруските власти“.
Белоруското Министерство за правда, кое не извести за случајот, не одговорило веднаш на барањето на Reuters за коментар.
Вијасна наведува и дека обвиненијата се поврзани со ткн Баталјонот Калиновски, група антивладини белоруски екстремисти кои се борат во Украина. Баталјонот Калиновски одбил да ги коментира наводите.
На профилот на LinkedIn со името на Кригер можете да се види фотографија на која позира пред украинското знаме.
Претходно во февруари годинава белгискиот телевизиски канал VRT објави разговор со извесен Александр Азаров, претставен како лидер на организација BYPOL, која Минск ја прогласи за терористичка а блиска до белоруската опозиција во егзил поддржана од Западот, кој потврди дека припадници на организацијата вежбаат на воени полигони во Полска со цел да извршат воен удар во Белорусија.
BYPOL, создадена од поранешни припадници на белоруските безбедносни служби со цел да им се спротивстави на белоруските власти. Организацијата ја поддржува опозиционерката Светлана Тихановска која по загубените избори побегна од Белорусија и покрај тоа што и покрај масовните протести на опизицијата поддржани од Западот по неа не се трагаше.
Азаров во споменатиот разговор за белгиската телевизија потврди дека членови на организацијата од Полска подготвуваат државен удар во Белорусија и се обидуваат да организираат саботажи во земјата. Така, членовите на BYPOL поминнуваат обука на воени полигони за обука во Полска, каде што ги обучуваат од поранешни полски воени специјалци. Организацијата обучувала и членови на Баталјонот Калиновски, кој се состои од белоруски дисиденти кои се борат на украинскиот фронт на страната на Киев.
Уште на почетокот од февруари годинава, белорускиот претседател Александр Лукашенко соопшти дека безбедносните служби на земјата која до 1990-те е во унија со Русија преку договорот за ткн Сојузна држава, упсиле диверзантска група на границата меѓу Белорусија и Украина која префрлувала експлозиви кои требало да бидат искористени за изведување саботажи и терористички акции на руска територија. Не е јасно дали сега осудениот на смрт герамнски државјанин Кригер бил уапсен тогаш.
Белорусија во октомври 2022 година ја подигна борбената готовност на своите вооружени сили по разузнавачктие информации дека во соседните Украина, Полска и Литванија се подготвуваат групи од белоруски дисиденти и радикали неонацисти воено да заземат регионален центар на белоруска територија и да испровоцираат бунт, поради што белоруските единици заедно со руските беа распоредени близу јужната граница меѓу Белорусија и Украина.