Германски експерт до Фон дер Лајен: Ова не е успех, Македонија нема да оди напред

Гералд Кнаус, германски експерт за евроинтеграции,  го демантираше денешниот твит на  Урсула Фон дер Лајен, шефицата на ЕК, која е во посета на Скопје.

Со зборовите „Македонија нема да се движи напред кон членство” тој ѝ одговори на фон дер Лајен.

„ЕУ самата не покажа посветеност кон сопствените вредности“, ѝ одговорил Кнаус и додал: „Ова не е успех и тоа многу брзо ќе стане јасно“.