Германскиот весник „Ханделсблат“, во своја анализа за состојбата во Грција по референдумот за промена на името во Македонија, за името на државата пишува како за Република Севернамакедонија, кое е споено, а не како што Заев вели дека стои во договорот Република Северна Македонија.
Од „Поранешна Југословенска Република Македонија“ државата станува „Република Севернамакедонија“. Во недела гласаат граѓаните во Македонија за промената на името. Гласање за, ќе и ги отвори на Македонија вратите кон ЕУ и НАТО, пишува германскиот весник „Ханделсблат“, во своја анализа за политичките сосотојби во Грција по референдумот во Македонија.
Весникот пишува и за состојбата во Грција, и во тамошната влада, имено десничарскиот популист, Панос Каменос, кој заедно со Сириза на Ципрас е дел од владеачката коалиција веќе најавил дека не само што ќе гласа против договорот, туку и ќе излезе од владата, со што изборите од септември, ќе се преместат најверојатно за првата половина од годината.