
Германскиот јасновидец Мајкл Шнајдер тврди дека Меделин е мртва и дека нејзиното тело е закопано во близина на португалскиот град Албуфеир.
Тој во вторник ќе патува за Португалија каде ќе појде на местото за кое тој верува дека е закопана Меделин. Таму, прво ќе медитира, а потоа со помош на полициски кучиња и инспектори ќе ја пребараат локацијата.
Родителите на исчезнатото девојче се’ уште немаат дадено коментар за овој потег на јасновидецот кој тврди дека нивната ќерка е мртва.
Меделин Мекејн исчезна пред шест години, додека со семејството беа на одмор во Португалија. Тригодишното девојче исчезна од собата додека нејзините родители вечерале во бар во близина.