Германскиот дневен весник Spiegel го идентификуваше моделот и курсот на пловење на јахтата, којашто наводно била користена во подготовките за експлозиите од ланскиот септември на двата гасовода Северен тек во Балтичкото Море по што целосно беше прекината испораката на евтиниот руски гас за Германија и Европа.
„Во случајот со терористичките напади врз гасоводите Северен тек во Балтичкото Море испливуваат нови поединости. Бродот на којшто, како што се верува диверзантите превезувале експлозивни направи е едрената јахта ‘Андромеда’ чиешто матично пристаниште е Бреге на островот Риген“, го цитира весникот неименуваниот соговорник без да наведе од кој сектор е функционерот.
Според сознанијата на Spiegel, 15-метарската јахта од моделот „Bavaria Cruiser 50“ била изнајмена од непознати лица преку ткн чартер-компанија островот Риген. Притоа, весникот објавува и фотографија од јахтата. Пловилото, како што наведува весникот, го напуштило пристаништето Росток-Варнеминде, по кусо време се вкотвил во пристаништето Вик, кое се наоѓа на северниот брег на островот.
Претходно седмицава германското сојузно обвинителство на барање на медиумите одговори дека од 18-ти јануари до 20-ти јануари годинава неговите истражители извршиле претрес на неименуван брод во врска со сомнителен наем. Притоа беше потврдено дека постојат сомневања дека со тоа пловило би можело да бидат превезувани експлозивните направи со коишто беа разнесени четирите цевководи на гасоводите Северен тек 1 и Северен тек 2. Според обвинителството, нема осомничени меѓу вработените во германската компанија којашто го изнајмила бродот.
До оваа седмица ниеден запаен влијателен медиуми ниту западните политичари не го коментираа написот на американскиот наградуван американски новинар Сејмур Херш кој точно пред еден месец објави напис во кој прецизно наведува дати, личности, локации и опрема, и тврди дека зад експлозиите на четирите цевководи од гасоводите Северен тек 1 и 2 стои администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден. Според Херш, по деветмесечно планирање американските служби ги искористиле поморските вежби „Baltops“ на НАТО во јуни 2022-ра во Балтичкото Море да ги постават експлозивните направи кои три месеца подоцна ги активирала воената морнарица на Норвешка.
Меѓутоа, во средата западните челници започнаа со коментари од написите на американскoт весник The New York Times и на германски Zeit од вторникот дека во експлозијата наводно учествувале „проруска групација“ којашто „не е поврзана“ со украинскиот претседател Володомир Зеленски и владата во Киев туку била „против рускиот претседател Владимир Путин“. Во средата, пак, на темата се надоврзаа и британски Times и германската телевизија Ntv со наводните исти сознанија со кои вината за терористичкиот напад врз критичната инфраструктура се префрла на неидентификувана „украинска компанија“ и индиректно врз Полска каде што наводно било седиштето и бил изнајмен бродот со кој била спроведена акцијата. Times, пак, објави дека разузнавачите на западните земји го знаат идентитетот на наводниот украински спонзор на саботажа на гасоводите.
Шефот на германското Министерство за одбрана, во врска со медиумските извештаи за можни извршители на терористичкиот напад на Северен поток, не исклучи дека експлозиите биле операција изведени под „лажно знаме“.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во интервју за РИА Новости, последните написи на западните медиумо во врска со инцидентите со гасоводите Северен тек ги нарече координирано полнење во медиумите. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, пак, ги нарече таквите истраги „срамни“. Москва потсети дека до појавувањето на истражувачката сторија на Сејмур Херш, на ткн колективен Запад владееш молк за експлозиите, како и дека Шведска, Данска и Германија кои спроведоа засебни истраги одбиваа да ги објават резултатите објаснувајќи го тоа со национална безбедноста, а ги отфрлија барањата од Русија да биде вклучена или да спроведе сопствена истрага иако станува збор за нејзин стратешки проект со меѓународно значење.