Германски милијардер и американски фонд ја договорија поделбата на „Axel Springer“

Германскиот милијардер Матијас Допфнер и американскиот инвестициски фонд KKR постигнале ова лето договор за поделба на медиумскиот гигант „Axel Springer“, потврдил за Reuters упатен извор откако во саботата весникот Financial Times објави дека милијардерот би требало да ја зацементира контролата над информативните портали Politico и Business Insider и весниците Bild и Die Welt.

Американскиот фонд, според тој договор, би ја преземал мнозинската контрола врз профитабилното работење со малите огласувања на „Axel Springer“, додека Допфнер би ја зацементирал својата контрола над медиумскиот сектор на концернот, кој меѓу другото ги вклучува американските информативни портали Politico и Business Insider, како и германските тиражни влијателни дневни весници Bild Die и Welt, според написот на Financial Times од саботат.

Допфнер го купи Politico во 2021 година за околу милијарда долари.

Концернот „Axel Springer“, според договорот меѓу Допфнер и KKR вреди 13,5 милијарди евра, а повеќе од 10 милијарди евра отпаѓаат на дејноста со малите огласувања, извести во саботата Financial Times/

„Оваа проценка не е конечна, меѓутоа цифрата би можела да биде ‘тука некаде’“, рекол неименуваниот соговорник на Reuters.

Поделбата на „Axel Springer“ би значела ново поглавје во петгодишното партнерство меѓу Допфнер и американскиот фонд KKR, кои заедно со канадскиот пензиски фонд CPPUB држат 48,5 отсто од уделот во работењето со седиште во Берлин, пишува Financial Times.

KKR и CPPIB истовремено би се ослободиле од „багажот“ кој го следи медиумското работење на „Alex Springer“, вклучително и од тврдењата за сексуално вознемирување и обвинувањата за мешање на Допфнер во уредничките надлежности.

Допфнер во моментов е член на одборите на издавачите „Nerflix“ и „Warner Music Group“, а сака да го прошири работењето на медиумскиот пазар на англиски јазик, особено во САД, забележува Financial Times.

Од „Axel Springer“не сакале за Reuters во понеделникот да ја коментираат информацијата за продажбата.