Германски шпиони на Октоберфест

Докажано – пивото помага при несоница!
Докажано – пивото помага при несоница!

Германската влада призна дека финансирала посета на странски агенти на овогодинешниот Октоберфест во организација на германската разузнавачка агенција, пренесе српски „Блиц“.

Портпаролот на германската разузнавачка агенција БНД ги одби да ја коментира оваа посета, во која наводно учествувале повеќе од 100 германски шпиони заедно со нивните гости. Според информациите на „АП“, оваа „екскурзија“ чинела повеќе од 30.000 евра.

Агенцијата наведува дека не е јасно дали целата сума е потрошена за пиво, за кое се верува дека може да го „одврзе јазикот“.

Веста на посетата на шпионите на светски познатиот фестивал на пиво во Минхен е обелоденета во одговор на владата од прашање на опозциски пратеник, а за тоа прв извести весникот „Вилд ам Зонтаг“ пред некое време.