Германски „Siemens“ вложува 220 милиони долари во фабрика за возови во САД

Концернот „Siemens“ е последната во низата германски компании кои своите стратешки инвестиции ги селат во САД, најавувајќи вложување повеќе од 220 милиони долари во градење фабрика за возови во американската сојузна држава Северна Каролина, објавија Белата куќа и германскиот инженерски гигант.

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден и неговата Демократска партија насочуваат милијарди долари од сојузниот буџет во модернизација на старата инфраструктура и зголемување на производството во САД, во желбата да се поттикне приватниот приватен сектор преку субвенции и отворање нови работни места.

Објавата доаѓа по двете железнички несреќи за помалку од еден месец во сојузната држава Охајо поради излетување на композициите од возовите, од кои во првата стануваше збор за транспорт на опасни хемикали поради што беа евакуирани илјадници жители.

Фабриката за возови на „Siemens“ ќе биде изградени во Лексингтон, град со 20.000 жители, и до 2028 година да отвори 500 нови работни места, објави компанијата.

„Администрацијата јасно се обврзува дека ќе вложува во инфраструктурата и ќе го трансформира секторот за мобилност во насока на зелените извори на енергија“, изјавил извршниот директор на „Siemens AG“, Роланд Буш во телефонски разговор за Reuters.

„Siemens“ изгради силна позиција на американскиот пазар во вид на можност за долгорочен раст во сегментот брзи железници, додава Буш.

Клиентите на германската компанија во САД го вклучуваат најголемиот железнички оператор „Amtrak“ и десетина транспортни компании коишто ќе имаат право врз поттикнувањата од администрацијата во Вашингтон за производство на локомотиви со погон на чисти извори на енергија.

Одделот за железничка опрема на „Siemens“ ќе добие поддршка од сојузната држава Северна Каролина за отворање работни места, соопшти компанија. Поддршката делумно ќе се темели на законот за инфраструктура од 2021 година, објави Белата куќа.

Законот е во износ од билион долари и обезбедува 66 милијарди долари за железницата, со зголемување на сојузната помош за возовите без преседан. Вклучува и 24 милијарди долари неповратни средства за проект со североисточен коридор.

Претседателот Бајден ги поттикнува вложувањата во железничкиот патнички сообраќај и во модернизација на ткн „североисточен коридор“ кој спаѓа меѓи најзадушените железнички коридори во САД.

Железничкиот превозник „Amtrak“ извести дека во ноември да планира драматично да ги прошири услугите во САД и да додаде до 39 коридорски рути и до 166 градови до 2035 година.