Ликовен реставратер направил грешка користејќи погрешни супстанции за да поправи четири дела направени во техниката масло на платно, поради што германски суд како компенација на оштетената галерија ѝ одредил 26.000 евра.
Судот во Минхен наведува дела реставраторот предизвикал на четири слики, вклучително и на познатото дело „Писател“ на Карл Шпицвег, да им падне цената бидејќи употребил несоодветни течности за чистење.
Казната ќе ѝ ја плати на галеријата којашто побарала реставрација, Жалбата на одлуката на судот не е можна, порачале од судот.
Од галеријата соопштија дека делото „Писател“, највредната слика меѓу оштетените, пред реставрацијата чинело меѓу 20.000 и 25.000 евра, а по неа само 5.000 евра.
Шпицвег (1808-1885) се смета за еден од најважните сликари во ткн период Бидермајер.