Германски суд отфрли тужба против „AstraZeneca“

EPA/DRAGO PRVULOVIC SWEDEN OUT

Суд во градот Мајнц во понеделникот отфрлила тужбено барање против фрамацевтската компанија „AstraZeneca“ којашто го поднела забарка којашто тврди дека по вакцинирањето против коронавирусот оглувела на едното уво.

„Моите здравствени проблеми поради вакцината ги потврди и вештачењето на струковото здружение. За мене потполно неразбирливо е зошто судот не ги зема предвид овие докази“, изјавила за медиумите подносителката на тужбата.

На почетокот од судењето застапниците на „AstraZeneca“ укажале дека во ниедна студија која претходела на пуштањето на вакцината против коронавирусот на пазарот, не бил забележан случај на оглувување.

Забарката, којашто во моментот на вакцинирањето имала 40 години, преку својот адвокат најавила жалба на оваа одлука на судот. Таа од „AstraZeneca“ барала отштета од 150.000 евра.

Нејзиниот адвокат одлуката на судот ја нарече „целосно погрешна“ и укажа на одлука на судот во Бамберг кој во пресудата на почетокот од август во која исто така станувало збор за здравствени проблеми по вакцинирање со вакцината на „AstraZeneca“, кој изнел двоумење околу тоа дали фармацевтската компанија доволно ги информирала пациентите за можните пропратни појави.

Германската влада пролетта 2021 година ја повлече дозволата за вакцинирање со вакцината на англиско-шведската компанија „AstraZeneca“ поради случаите на крвни згрутчувања кои се поврзани со оваа вакцина.

Според последните податоци на адвокатските комори, во Германија досега се поднесени 185 приватни тужби поради наводните нус-појавви по вакцинирање против коронавирусот.