Германски суд пресуди дека политичар од AfD може да биде наречен „фашист“

Предводникот на тириншкиот огранок на евроскептичната и антидоселеничка партија Алтернатива за Германија (AfD), Бјерн Хеке, смее да биде наречен „фашист“, пресуди судот во Мајнинген во понеденелникот.

Пресудата се однесува на собирот на AfD од минатата седмица во источногерманскиот Ајзенах и протести во истиот град кои биле најавени како „Протест против расистичкиот AfD и особено против фашистот Хеке“.

Градот Ајзенах ги дозволил протестите против собирот на AfD, со услов од мотото да биде остранет „фашистички“, бидејќи станува збор за кривично дело нанесување навреда.

Организаторите на протестот по итна постапка поднеле тужба против оваа одлука на Управниот суд на сојузната земја Тирингија, која на крајот е и прифатена. Во тужбата навеле дека поимот „фашист“ е оправдан, и навеле многу цитати од говорите на Хеке кои некои левичарски социолози и историчари ги врброиле во идеологијата на фашизмот.

Потоа, како што пренесува германската новинска агенција DPA, судот утврдил дека поимот „фашизам“ не е само тврдење, туку дека е „потрепен со факти“. Судот соопштил и дека станува збор за одлука „меѓу правото на слобода на изразувањето и личниот интегритет“.

Од AfD жестоко ја критикуваат одлуката на Управниот суд и оценуваат дека претставува продолжување на трендот според кој судовите не ги штитат политичарите од јавни напади, особено од нивните редови.

„Ова пресуда претставува срам за правната држава“, изјавил Штефан Мелер, еден до челниците на AfD во Тирингија.

Бјерн Хеке е лидер на ткна „Крило“ во AfD, коешто ја застапува порадикалната струја во оваа десна партија која за кус период од постоењето стана третата политичка сила во Германија. Негови настапи повеќепати беа осудувани како приближени на нацистичките ставови, поради што од него се дистанцираше и дел од водството на партија на сојузно ниво.