Германски „Thyssenkrupp Steel“ гасне 11.000 работни места

Германскиот производител на челик „Thyssenkrupp Steel“ во понеделникот објави дека ќе отпушти илјадници работници и ќе го намали производството за да се прилагоди на намалената побарувачка и зголемената конкуренција.

Концернот „Thyssenkrupp“ во своите нови деловни планови за работењето со челик предвидува намалување на околу 40 отсто од својата работна сила во наредните години, според објавата во понеделникот во најновиот болен ремонт на германски индустриски гигант, при што работниците ветуваат жесток отпор, пишува Reuters.

Производителот на челик планира да укине 5.000 работни места до 2030 година преку „приспособување на производството и управувањето“ и да пренесе уште 6.000 на подизведувачите и деловните клиенти.

Намалувањето на бројот на работници управата го смета за клучен елемент на подготовките за иднината, кои вклучуваат планови за намалување на производството од сегашните 11,5 милиони на само 8,7 до девет милиони тони.

Суштински се менува европскиот пазар на челик, потенцираат тие и додаваат дека товарот на конкурентноста на компанијата се преголемите капацитети и евтиниот увоз, особено од Азија.

За да остане конкурентен, „Thyssenkrupp Steel“ мора да реагира на промените со намалување на трошоците и производствените капацитети, рече шефот на челичниот бизнис во концернот, Денис Грим.

„Сеопфатна оптимизација и рационализација на нашите производствени мрежи и процеси е неопходна во нашите подготовки за иднината“, тврди Грим.

Паралелно со намалувањето на трошоците, матичната компанија „Thyssenkrupp“ планира да продолжи со контроверзното издвојување на работењето со челик во целосно независна компанија.

Чешката енергетска компанија EPCG, во сопственост на милијардерот Даниел Кретински, моментално поседува 20 отсто од акциите во „Thyssenkrupp Steel“ и планира да го зголеми на 50 отсто, објави новинската агенција dpa.