Државното обвинителство во Фленсбург покрена во петокот истрага против група земјоделци кои спречиле пристанување на траект на кој се наоѓал министерот за економија Роберт Хабек.
„Државното обвинителство во Фленсбург покрена истрага поради сомневање за сторено кривично дело присила , а можни се и истражни постапки поради спречување на службен персонал во извршување на својата работа, како и нарушување на јавниот ред и мир“, соопшти обвинителството.
Група земјоделци со своите возила во четвртокот доцна попладнето го блокирале пристаништето за траекти во Шлуетсиел на Северното Море откако траектот на кој се наоѓал министерот за економија Хабек, од Зелените, морал да се врати на островот Халиг Хооге на кој министерот ги минал божикните и новогодишните празници.
Хабек, кој потекнува од овој дел на Германија, дури во вториот обид ноќта кон петокот успеал да се истовари од траектот и да го продолжи патот.
Капетанот на траектот во договор со полицијата решил да не го пристанува пловилото, поради опасноста од насилно расположените земјоделци да се качат на траектот и евентуално да се впуштат во пресметка со министерот и неговата придружаба.
Бродарската компанија во чијашто сопственост е траектот извести дека станува збор за „единствен случај“ во 140-годишната историја на компанијата.
„Тешко е да се замисли што би се случило доколку на траектот имаше тешко болни кои итно мораат да дојдат до копното“, изјави за медиумите капетанот на траектот.
Насилната акција на земјоделците предизвика огорчени реакции во Германија. Здружението на германските земјоделци DBV ја осуди таквата акција и се истанцираше од „насилните демонстранти“.
„Личните напади, безредијате, заканите, присилата и насилството едноставно не одат. Блокадите од овој вид се целосен ‘но-гоу’“, стои во оопштението на здружението.
Акцијата во четвртокот ноќта ја осуди и Сојзуот на земјоделците од сојузната покраина Шлезвиг-Холштејн каде се случил инцидентот.
Министерот за земјоделство Чен Ездемир за јавниот сервис ARD изјави дека станува збор за „неприфатлива акција“. „Тоа се луѓе на коишто воопшто не им е до подобрување на ситуацијата во германското земјоделство, туку имаат влажни снишата за соборување на легалната власта, но тоа нема да се случи“, додаде Ездемир.
Земјоделците ширум Германија за понеделник подготвуваат голема протестна акција со којашто ќе се демонстрира против одлуката на сојузната влада да ги укине субвенциите за горивата коишто ги користат земјоделците. Владата оваа седмица само делумно ја повлече оваа одлука, но земјоделците се упорни за одржување на протестите и блокадите на сообраќајниците ширум земјата.