Германскиот БДП ќе падне за 0,5 отсто во 2024-та

Германскиот економски институт (IW) во новата оценка очекува дека германската економија ќе падне за 0,5 отсто во 2024 година.

институтот IW очекува бруто домашниот производ (БДП) да падне за 0,5 отсто во 2024 година. Тоа би било втора година по ред како активноста во најголемата европска економија се намалува.

Германската влада неодамна процени дека БДП следната година ќе порасне за 1,3 отсто, а германскиот совет на економски експерти, кој ја советува владата, очекува раст од 0,7 отсто.

Но IW, кој е близок до работодавците, смета дека општите економски услови остануваат толку лоши што тоа нема да се случи. Во својата анализа наведува дека компаниите се особено вознемирени од неодамнешниот спор за германскиот федерален буџет, па многумина ги одложуваат инвестициите.

Аналитичарите на IW очекуваат владините трошоци да паднат за повеќе од 20 милијарди евра. Ова би го намалило БДП за околу 0,5 отсто. „Во најлошото сценарио, можно е дури и пад од еден процент“, објави IW, кој ја објави својата прогноза пред да станат познати деталите за договорот за федералниот буџет на коалициската влада за 2024 година.

Друг економски прогнозер, Институтот за светска економија од Кил (IfW Kiel) очекува економскиот раст во 2024 и 2025 година да биде 0,3 отсто помал, поради буџетската консолидација.

Научниците од Килскиот институт очекуваат раст од 0,9 отсто во 2024 година и 1,2 отсто следната година.

Доколку штедењето има посилен или посериозен ефект врз економијата, можен е и послаб раст, објави во средата Институтот. Покрја тоа,
IfW верува дека рецесија во 2024 година е малку веројатна, но не и невозможна