Пратеничкиот дом на германскиот парламент Биднестагот го прифати во петокот законот со кој на двојките од ист пол ќе им се овозможи да склучуваат бракови со исти права како што е случајот и со хетерополовите двојки.
За законот гласале и многу пратеници од конзервативната демохристијанска Унија CDU/CSU којашто досега се противеше на овој закон, меѓутоа нејзината челничка и актуелна германска канцеларка Ангела Меркел гласала против, се истакнува во медиумските извештаи.
„Јас гласав против, бидејќи според Уставот бракот е заедница меѓу мажи и жена“, истакна Меркел во специјалната изјава за новинарите по гласањето. Таа истовремно додава дека нема ништо против правата на еднополовите двојки на посвојување деца.
Денешното гласање во Бундестагот беше овозможено откако Меркел на почетокот од седмицава изјави дека ќе дозволи пратениците на нејзината коалиција во текот на гласањето за таканаречениот „закон за сите“ да гласаат според сопствената совест, а не да бидат врзани со партиската дисциплина.
По оваа изјава, коалицискиот партнер на унијата CDU/CSU во ткн голема коалиција, Социјалдемократската партија на Германија (SPD) заедно со пратениците од опозициските партии од левиот блок Зелените и Левица, покренаа итна постапка за гласање за споменатиот закон пред летната пауза и три месеца пред одржувањето на парламентарните избори.
Германските социјалдемократи и левите партии за овој закон велат дека „многу одамна требаше да биде на сила“. Конзервативната унија CDU/CSU со години се спротиставуваше на отворањето на институцијата брак и за еднополовите двојки Од 2001 година постои институцијата на регистрирано партнерство која на истополовите двојки им ги овозможува истите права како и за класичните бракови со исклучок да посвојуваат деца.
Законот уште мора да го потврди домот на сојузните земји Бундесратот, но се смета дека законот во ова тело сигурно ќе мине, имајќи предвид дека во него со мнозинството располагаат сојузните земји во коишто на власт се партиите од леиот блок кои и се залагаа за воведување на бракот за еднополовите двојки.
Унијата CDU/CSU, коалицискиот партнер SPD поради покренување на процесот на гласање за законот за „брак за сите“ жестоко го критикуваше и постапката на социјалдемократите ја карактериризираш како прекинување на коалициската соработка на три месеца пред одржувњето на парламентарните избори.
Меѓутоа, конзервативните кругови во демохристијанската унија, којашто најверојатно повторно ќе победи на изборите во септември, жестоко ја критикуваа и накцеларката Меркел затоа што со своите изјави а без претходна консултација отворила пат за усвојување на законот кој со години стои „во фијока“.