![germanija izvoz](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/germanija-izvoz.jpg?resize=620%2C387&ssl=1)
Германскиот извоз благо падна во 2024 година, следејќи го намалувањето на испораките во другите земји од Европската унија, покажаа во петокот објавените податоците на заводот за статистика.
Германскиот извоз на стоки минатата година е намален за еден процент, на 1,56 трилиони евра. Претходната 2023 година, падна за 1,4 отсто, по скокот од 16 отсто во 2022 година, според податоците на Destatis.
Увозот лани паднал уште посилно, за 2,8 отсто, на 1,32 билиони евра. Падот, сепак, е значително поблаг отколку во 2023 година, кога се намали за речиси 10 проценти.
Трговскиот биланс на Германија со светот во 2024 година покажува суфицит од 241,2 милијарди евра.
Падот на извозот минатата година е речиси идентичен со падот на испораките во другите земји од ЕУ. Испораките до другите членки на еврозоната паднаа за два отсто, на 590,4 милијарди евра.
Извозот во трети земји е намален за само 0,5 отсто, на 711,9 милијарди евра.
Германија, пак, значително го намали увозот од другите членки на еврозоната, за 4,1 отсто, на 454,8 милијарди евра. Увозот од целата ЕУ е намален за 3,3 отсто, а од трети земји за 2,3 отсто.
Податоците за трговијата во декември, пак, покажуваат подобрување, при што извозот пораснал за 2,9 отсто во однос на ноември, според сезонски и календарски приспособени податоци. Испораките се зголемени и во однос на декември 2023 година, за 3,4 отсто.
Увозот, пак, е зголемен за 2,1 отсто во однос на ноември. На годишна основа скокнал за 4,5 отсто.
Во декември Германија забележа суфицит во трговската размена со светот од 19,2 милијарди евра, според сезонски и календарски приспособените податоци, само малку помалку од претходниот месец.
САД ја задржаа својата позиција како главна дестинација за германски извоз на крајот на минатата година, но со 3,5 отсто помала вредност на испораките од ноември, од 13,5 милијарди евра.
Извозот во Кина, пак, е зголемен за благи 1,4 отсто, на 6,7 милијарди евра. Кина ја задржа својата позиција како главен снабдувач на стоки на Германија во декември, со само благ пад на вредноста на увозот, за еден отсто во однос на ноември, на 13,4 милијарди евра.
Германскиот извоз во Русија е намален во декември за 20 отсто во однос на ноември, на 600 милиони евра. Увозот, пак, е зголемен за 14,4 отсто, на 100 милиони евра.