Германскиот извоз на оружје во 2020-та на Блискиот исток надминал милијарда евра

Германската влада одобрила извоз на оружје во вредност поголема од милијарда евра на земјите кои се случени во судирите во Јемен и во Либија, објави во неделата службената новинска агенција DPA.

До 17-ти декември Германија само за Египет одобрила продажба на оружје и воена опрема во вредност од 725 милиони евра, објави германското министерство за стопанство на прашање на пратеникот во Бундестагот, Омар Нурипур.

Одобрен е исто така извоз на оружје за Катар во износ од 305,1 милионие евра, за Обединетите Арапски Емирати за 51,3 милиони евра, за Кувајт за 23,4 милиони евра и за Турција во износ од 22,9 милиони евра.

Одобрувања за продажба на оружје и воена опрема е издадена и за Јордан во износ од 1,7 милиони евра и за Бахреин за 1,5 милиони евра, со што севкупнта вредност на извозот на оружје достигнала 1,16 милијарди евра.

Сите наведени земји се вклучени во еден или во двата долгогодишни судир во арапскиот свет, во Јемен и во Либија.

Во Јемен коалицијата на сунитските арапски земји предводени од Саудиска Арабија, се бори против силите на шиитското племе Хути кои се побунија пред пет години поради големите отстапки кон џихадистичката Ал Каеда а откако ја добија поддршката од шиитски Иран освоија голем дел од јеменската територија. Во Коалицијата се вклучени на разни начини и ОАЕ, Египет, Кувајт, Јордан и Бахреин.

Либија по соборувањето на Моамер ел Гадафи во 2011 година е поделена помеѓу ривалските страни кои се борат за превласт. Но, нивните судири се интензивираа во април минатата година кога Калифа Хафтар презеде голема офанзива врз Триполи, но меѓународно признаената влада возврати и настана пат позиција. Во моментов на сила е примирје. Меѓународно признаената влада (GNA) на Фајез ал-Сараџ, со седиште во Триполи контролира помал дел од државата. Додека Либиската национална армија (LNA) на маршалот Калифа Хафтар, чие седиште е во Тобрук, контролира поголем дел од земјата и поголем број нафтени полиња.

Во судирот во Либија, Катар и Турција интервенираат на страната на исламистичката меѓународна призната влада во Триполи, додека генералот Хафтар го поддржуваа Египет, Обединети Арапски Емирати, Јордан, Саудиска Арабија.

Интересно е што Европската унија во септември минатата 2020 година воведе снакции за три компании кои биле вмешани во кршење на ембаргото на Обединетите нации за продажба на оружје на Либија. Под санкции потпаднаа компании од Турција, Јордан и Казахстан, а станува збор за компании кои се занимаваат со транспорт, а биле вклучени во турското кршење на ембаргото.