Германскиот извоз паднал во септември

Германскиот извоз благо паднал и во септември, одразувајќи го слабеењето на побарувачката од партнерите во Европската унија и во еврозоната, покажуваат во средата објавените податоци од статистичката агенција Destatis.

Извозот во септември според сезонските и календарски прилагодените податоци е намелен е за 0,5 отсто во однос на август, кога скокна за 2,9 отсто.

Уште посилно паднал увозот, за 2,3 отсто во споредба со август кога порасна за 4,9 отсто. Со тоа вишокот во размената на Германија со светот во септември покажал трикратни поголем вишок отколку во август, од 3,7 милијарди евра.

На годишно ниво извозот во септември пораснал за 20,3 отсто, по 23,1-процентното зголемување во претходниот месец. Забавил и растот на увозот, од 37,6 на 30,7 отсто.

Извозот во другите членки на ЕУ паднал за 1,7 отсто во однос на август, а извозот во остатокот од еврозоната за 1,6 отсто. Намален и увозот од овие два блока земји, за 1,2 односно за 0,6 отсто.

Најсилно паднал извозот во земјите на ЕУ кои не се членки на еврозоната, за 1,9 отсто, но и увозот од тие земји за 2,5 отсто. Пораснал само извозот во „трети земји“, и тоа за 1 отсто, според извештајот на Destatis.

Главната дестинација на германскиот извози во септември биле САД, со скок на испораките за 5,6 отсто во однос на август, на 14,5 милијарди евра. Увозот од САД, пак, паднал за 1,3 отсто, на 8,1 милијарди евра.

Најмногу стоки од Германија и во септември увезувала од Кина, за 5,4 отсто отколку во август, во вредност од 16,7 милијарди евра. Германскиот извоз во Кина паднал, пак, за 2 отсто, на 8,9 милијарди евра.

Германскиот извоз во Русија е намален во септември за 5,4 отсто во однос на август, на милијарда евра. Увозот од Русија потонал за 33,1 отсто, на 1,8 милијарди евра.