Германскиот извоз попуштил во мај, попречен од намалените испораки на стоки до другите членки на еврозоната, покажаа податоците на статистичкиот завод во вторникот.
Според сезонски и календарски приспособени податоци, извозот во мај е намален за 0,1 отсто во однос на претходниот месец кога бележи пораст од еден отсто, објави Destatis.
Увозот, пак, е зголемен за 1,7 отсто, по падот од 0,1 отсто во претходниот месец.
Така, трговската размена во мај прикажа суфицит од 14,4 милијарди евра, за 13 отсто помалку од април.
Споредено со мај лани, извозот е намален за 0,7 отсто, а увозот за 8,6 отсто, открија статистичарите.
Германскиот извоз на стоки во другите членки на еврозоната е намален во мај за 1,6 отсто во однос на април, на 49,2 милијарди евра, покажуваат податоците. Испораките во група трети земји забележаа ист процентуален раст.
Главна дестинација за испораки на германска стока биле САД и во мај, но со вредност за 3,6 отсто пониска од април, покажуваат сезонски и календарски прилагодени податоци.
Извозот во Кина е зголемен за 1,6 отсто.
Кина, од друга страна, ја задржа својата позиција како главен извор на увоз на германски стоки, кој порасна за 2,7 отсто во однос на април, покажуваат податоците на Destatis.
Увозот од САД е намален за 5,7 отсто.