Германскиот министер од Зелените ги критикува еко-активистите

Германскиот министер за економија и енергетика Роберт Хабек од партијата Зелени ги критикуваше во петокот акциите на залепување за сообраќајниците што ги изведуваат еколошките активисти од движењето Последното поколение (Letzte Generation) како контрапродуктивни и штетни за борбата против климатските промени.

„Овие постапки оневозможуваат поголема поддршка за бробата против климатските промени и не се никаква помош за овој прецес“, изјави Хабек пред учесниците на Протестантските црвени денови кои се одржуваат во Нуернберг.

Министерот, кој последните денови е на ударот на критиките поради нацрт-законот кој предвудува постепено отфрлање на греењето на фосилни извори на енергијата, изјави дека не треба сите сегменти на општеството да се подредат на борбата против климатските промени.

„Доколку прашањеѕто на климатските промени го ставиме над сите други сегменти на општеството, прашање е каде тоа ќе води“, рече Хабек.

Рече дека чувството на вина поради климатските промени води кон блокади и недостиг од иницијативи и изнаоѓање логични решенија.

„Најголемото прашање е како да се постигне климатска неутралмост, а опшеството да остана функционално“, рече Хабек.

Претставнилката на движењето Последното поколение, Карла Хинрих, којашто исто така учествувала на дебатаата на црквата, тврдела дека е логично што министерот Хабек го критикува еколошкото движење бидејќи е член на владата.

„Дали некогаш некоја влада протестот које е насочен против нејзината работа го оценила како позитивен“, рекла Хинрих и се пожалила дека на акциите кои полицијата ги преземала против движењето Последнити поколение.

Имено, поради сомневањата на државното обвинителство во Минхен дека кај припадниците на Последното поколение станува збор за прочетен стадиум од основање криминална групација, против истакнати членови на движењето последните денови се извршени многуборјни рации.

Германските еколошки активисти со месеци изведуваат акции на блокирање на главните сообраќајници во Берлин, меѓу другото, залепувајќи се себеси со специјален лепак за коловозот и за сообраќајните знаци, со што сакаат да ја искажат, како што тврдат, потребата од забрзување на мерките за заштита на климата.

Климатските активисти од Последното поколение, кои стојат и зад акциите за валкање на уметничките дела во музеите, ги отфрли обвинувањата и тврди дека медицинското возило кое требало да помогне на местото на несреќата не дошло навреме затоа што возачот во блокадата не формирале слободна ткн „спасувачка лента“, преку која во случај на застој во сообраќајот минуваат возилата на итните служби и на полицијата.