
Претседателот Гаук кој е поранешен свештеник во Источна Германија бара да се користи искуството од други држави кое покажува дека најдобра опција е бегалците поскоро да научат германски и најдат работа.
– Во спротивно ризикуваме незадоволството да доведе до криминал и насилство или да процвета религиозен и политички фанатизам, вели Гаук. Германскиот претседател нема реална политичка моќ во неговата земја но неговите зборови имаат значително влијание на моралните дилеми со кои се соочуваат неговите сонародници.