Германскиот производител на летачко такси прогласи банкрот

Германскиот производител на летачко такси „Volocopter“ прогласи банкрот додека бара нов инвеститор, објави компанијата од своето седиште во Брухзал, во близина на Карлсруе.

„На компанијата ѝ се потребни финансиски средства кои ќе и овозможат да ги преземе последните чекори за да излезе на пазарот“, вели новиот стелаен управител назначен од судот.

На „Volocopter“ сè уште му треба сертификат за тип од Агенцијата за воздухопловна безбедност на Европската унија (EASA) за неговиот електрично летало со вертикално полетивање и слетување (eVTOL) за да може да превезува патници.

„Volocopter“ постапува со претпоставка дека следната година ќе се најде инвеститор и покрај тоа што во четврток поднесе барање за стечај.

„Во националната и меѓународната конкуренција, ние сме многу напред технички, во искуството со летање и во процесот на сертификација“, рече извршниот директор Дирк Хок, кој треба да ја напушти компанијата на крајот од февруари.

Минатата седмица германскиот пионер во производството на мали електрични авиони „Lilium“ најде инвеститор за да го спаси од банкрот. Конзорциумот инвеститори „Mobile Uplift Corporation“ потпиша договор за купување на стартап кој развива мали електрични авиони со вертикално полетување и слетување во последните десет години, потсетува агенцијата dpa.