Германскиот ланец на супермаркети „Едека“ се откажува од продажба на производите на Кока-Кола, откако компанијата ги зголеми цените. Германската фабрика за флаширање Кока Кола ги зголеми цените со образложение дека трошоците за енергија се повисоки, а од „Едека“ велат дека не го прифаќаат поскапувањето и повеќе нема да купуваат пијалоци од таа компанија.
Поради ова, Кока-Кола, Фанта и Спрајт наскоро би можеле да исчезнат од полиците на ланецот „Едека“.
Фабриката за флаширање Кока-Кола во Германија во јули објави дека од септември ќе ги зголеми цените на сите свои производи за повисок едноцифрен процент.
„Намирниците не смеат да станат луксузна стока“, изјави шефот на „Едека“, Маркус Моса, на која Coca-Cola објави дека повеќе нема да го снабдува синџирот.
Ова не е прв пат „Едека“ да се судри со производител на стоката што ја продава.
Во моментов „Едека“ се расправа со американскиот концерн „Монделес“ за цените, пренесува Танјуг, бидејќи чоколадото „милка“ во некои земји се нуди по многу поевтина цена.
Во спорот со „Пепсико“, „Едека“ ја отстрани од својот асортиман целата палета на производи на американскиот концерн, вклучително и Пепси, до пролетта, кога беше постигнат договор за понатамошна соработка.