Заедничките активности се договорени при посетата на „Дрекслмаер“ на заменик амбасадорот и раководител на економскиот оддел во Германската амбасада во државава Марко Акватичи.
Како што соопшти денеска „Дрекслмаер“, Акватичи се информирал за предизвиците со кои се соочува компанијата и се запознал со начинот на функционирање, производствените процеси, работните услови и воспоставените стандарди по кои работи.
– „Дрекслмајер“ е германска компанија која во Македонија вработува повеќе од пет илјади луѓе. Како еден од позначајните работодавачи во земјава, компанијата придонесува за развојот на економијата и намалување на невработеноста во овој регион. Драго ми е што во фабриката се работи според високи германски стандарди во сите области од производство, квалитет, работна средина, како и безбедност и заштита при работата, навел, како што соопштува компанијата, Акватичи при посетата.