Германските демохристијани критикувани поради соработка со десницата

Германската опозициска Христијанско-демократска унија (CDU) се најде во петокот на удар на критиките на дел од јавноста откако во сојузната покраина Тирингија со помош на десната антиестаблишмент, евроскпетична и противдоселеничка партија Алтернатива за Германија (AfD), чијашто популарност сѐ повеќе расте, во покраинскиот парламент го протурка законот за данок на наедвижности, и покрај повиците особено од владејачките партии да не соработува со десницата.

„CDU во Тирингрија соработува со AfD. Со овие непријатели на демократијата не смее да има соработка“, изјави во петокот претседателстовото на владејачката Социјалдемократска партија на Германија (SPD), којашто на сојузно ниво владее во коалицијатa со (Bündnis 90/Die Grünen) и Партијата на слободните демократите (либерал-демократи) (FDP).

Во продолжението на писмената изјава се додава дека станува збор за „историски пропуст“ на CDU. Зелените, пак, во својата реакција зборуваат за „кршење на табуата“.

Премиерот на сојизната покраина Тирингија, Бодо Рамелов, од партијата Левица (Die Linke) им префрла на CDU дека со соработката со AfD „склучиле сојуз со ѓаволот“.

Претходно во четвртокот CDU во парламентот на сојузната покраина Тирингија, со помош на гласовите на AfD, но и на FDP, го протурка законот за намалување на данокот за купување недвижности. Овој потег предизвика реакција на партиите од центристичко-левичарскиот политички спектар поради тоа што CDU со месеци го поддржуваше досегашниот конензус во германските етаблирани партии на ниедно политичко ниво да не се соработува со AfD, по примерот на соседната Франција каде што со децении сите партии се сојузуваат против десниот порано Национален фронт а сега Националени собир.

Ситуацијата се оценува за исклучително чувствителна во Тирингија, каде што огранокот на AfD е изразено десно ориентиран и е обвинуван дека неговите членови постојано предизвикуваат внимание со наводно кокетирање со националсоцијалзимот. Така, и лидерот на AfD во Тирингија, Бјоерн Хеке, го сметаат за водач на десното крило на партијата. Откако AfD стана според довребата на гласачите втора партија во Германија, државата одговори ставајќи делови од партијата под следење на Бирото за заштита на уставниот поредок (BfV).

Од CDU ја бранат постапката на својот огранок во Тирингија, тврдејќи дека во врска со гласањето за законот немало претходен договор со AfD.

„CDU мора да биде во состојба да спроведува конструктивна опозициска политика без да биде осудувана за тоа“, изјави потпретседателката на демокристијаните Карин Приен.

Гласањето во Тирингија ја отвори и дискусијата во рамјите на демохристијанската Унија на CDU со баварската Христијанско-социјална унија (CSU) со AfD којашто, според повеќемесечните истражувања на јавното мнение, доминира и е најсилната политичка партија во повеќето источногермански покраини.

Претседателот на CDU, Фридрих Мерц неодамна, по сличните критики, мораше да ја повлече својата изјава според која соработката со AfD, особено на локално ниво, е едноставно неизбежна. Тоа претставуваше пресврт во дотогашниот став на демохристијаните според кој меѓу CDU и AfD поставен „противпожарн ѕид“.

Во истражувањата на јавното мнение е забележливо прелевање на гласачкото тело од сметка на демохристијаните кон AfD, којашто со 22 отсто поддршка на сојузно ниво стана втората по моќ партија блиску зад водечката Унијата CDU/CSU, а далеку пред партиите од актуелната социјалдемократско-зелено-либерална влада на Германија.