Германската економија ќе стагнира во 2024 година, според водечките економски институти, драстично намалувајќи ја прогнозата поради високите каматни стапки, слабата глобална побарувачка и политичката неизвесност.
Најголемата европска економија годинава ќе порасне за само 0,1 отсто, покажуваат новите проценки на институтите Ifo, DIW, IWH, IfW и RWI. Минатата есен прогнозираа дека активноста во 2024 година ќе порасне за 1,3 отсто. Истовремено, маргинално ја намалија проценката за следната година, на 1,4 отсто.
„Иако закрепнувањето најверојатно ќе започне од пролетта, растото во целина гледано нема да биде многу силен“, вели Стефан Кутс, водител на економските истражувања во Килскиот институт за светска економија (IfW).
Економската активност во моментов е само нензачително повисока отколку што беше во периодот пред пандемијата, бидејќи продуктивноста стагнира, велат институтите во пролетниот извештај.
„Неповолни фактори во последно време преовладуваат и во домашната и во странската економија“, се наведува во извештајот.
Германскиот извоз опаѓа и покрај забрзаната светска економска активност, наведуваат тие, посочувајќи на слабата побарувачка за капитални и интермедијарни производи, клучните германски извозни производи.
На тоа треба да се додаде и нарушената ценовна конкурентност на германските стоки, чие производство бара поголема потрошувачка на енергија, додаваат тие. Притоа, не се наведува и повисоките цените на енергијата, по прекинот на набавка на рускиот природен гас по почетокот на војната во Украина во февраури 2022 година.
Се очекува корпоративните инвестиции да се зголемат во 2025 година, но најверојатно ќе останат на нивоата од 2017 година, поради неизвесноста околу економската политика, се наведува во извештајот.
Клучна е личната потрошувачка
Во оваа година личната потрошувачка ќе стане најважниот мотор на економскиот раст, а во следната година во оваа улога треба да биде заменета со посилен извоз, сметаат институтите.
Поттик за потрошувачка треба да биде послабата инфлација, која треба да се лизне на 2,3 проценти оваа година и на 1,8 проценти во 2025 година.
Потрошувачката треба да биде поддржана и од силниот пазар на трудот, сметаат институтите, додавајќи дека невработеноста треба само малку да се зголеми оваа пролет. Оваа година, стапката на невработеност веројатно ќе биде 5,8 проценти и ќе се спушти на 5,5 проценти во 2025 година.
Во такви услови, платите треба да растат реално во текот на периодот опфатен со истражувањето и да ги надоместат загубите од 2022 година и првата половина на 2023 година, се наведува во извештајот.
Но нивото од крајот на 2021 година, пред драстичниот скок на инфлацијата, треба да се достигне дури во вториот квартал на 2025 година, нагласуваат експертите.
Министерството за економија во своите проекции ги вклучува и прогнозите на институтот. Владата во моментов очекува дека најголемата европска економија ќе порасне со стапка од 0,2 отсто оваа година, што исто така драстично ја намалува прогнозата која предвидуваше раст на активноста од 1,3 отсто, потсетува Reuters.