Германските компании песимисти во прогнозите за активностите во Кина

Челниците на германските компании коишто работат во Кина се песимисти во прогнозите за своите деловни активност оваа година поради континуираните геополитички тензии и бавното закрепнување од ковид-кризата, покажа истражувањето на Германската трговска комора (AHK).

Повеќе од половната од компаниите очекуваат „непроменет или влошен“ тренд во работењето во текот на оваа година и се воздржани во процените за вложувањата, според резултатите од истражувањето кои комората ги објави во четвртокот.

Пазарот закрепнува побавно отколку што се очекувало, што заедно со континуираните геополитички тензии ги распишаа надежите дека деловната атмосфера брзо ќе се подобри, соопштија од AHK.

„Геополитиката силно влијае врз компанијата на теренот и ги поттикнува во управувањето со ризикот од засилено потпирање на локализацијата и диверзификацијата“, изјави извршниот директор на AHK, Јенс Хилдебранд.

Германија во првото тримесечје од годинава се лизна во рецесија, а послабата надворешна побарувачка се искажа и во кинескиот извоз кој во мај паднал за 7,5 отсто во однос на истиот минатогодишен период.

Повеќе од третина од германските компании во Кина очекуваат дека ситуацијата во нивниот сектор дополнително ќе се влоши во текот на оваа година.

Влошени се и очекувањата за добивките, коишто според процените на третина од анкетираните ќе се намали за повеќе од 5 отсто. Во август минатата година таков пад очекуваа 22 отсто од анкетираните.