Германските компании сѐ позаинтересирани за субвенциите во САД

Американските субвенции наводно наменети за поттикнување на „климатски прифатливите технологии“ сѐ повеќе ги привлекуваат германските компании да го преселат производството во САД, покажува истражувањето на германската комора за трговија и индустрија DIHK, објавено во средата.

Истражувањето на DIHK опфатило 2.400 компании од сите сектори и покажало дека секоја десетта веќе планира да го пресели своето производство во странство. Притоа најпопуларна дестинација за тоа е Северна Америка, во прв ред САД.

Преселувањето го разгледуваат 23 отсто од произведувачите и добавувачите во германската автомобилска индустрија. Според американскиот закон, новите даночни олеснувања за електричните возила ќе ги добиваат произведувачите кои ги монтираат или клучните делови ги набавуваат во Северна Америка.

На германските компании кои работат во странство истовремено сѐ повеќе проблеми им предизвикуваат трговските бариери, на кои се пожалиле 56 отсто од анкетираните компании, најмногу во истражувањето коешто е започнато пред 18 години.

„Јасно гледаме тажен тренд во насока на протекционизам“, вели Фолкер Трејер, шеф на секторот трговија во DIHK.

Петтина од анкетираните компании се жалат на дискриминација во прописите за инпутот во земјите во коишто дејствуваат, како оние во американскиот закон IRA.

Законот за намалување на инфлацијата (IRA) од кој во Европската унија стравуваат дека ќе предизвика егзодус на европските компании во САД, беше усвоен во август минатата 2022 година нуди вкупно 430 милијарди долари субвенции и даночни поттикнувања за ткн „зелени“ производи од домашно производство, вклучително и олеснување од 7.500 долари за купците на електрични возила произведени во САД. За да имаат право на субвенции, производителите мора да имаат минерали за батериите и деловите да ги набавуваат во Северна Америка.

Со тоа Вашингтон тврди дека сака од пазарот да ги истисне кинеските добавувачи, но во Брисел и во другите европски престолнини во последно време не го сокриваат своето незадоволство од американскиот IRA.

Повеќе од половината од германските компании имаат проблеми и поради санкциите коишто ЕУ и другите западни земји ги воведуваат со години против Русија и Белорусија, а особено изминатата година по почетокот на руската инвазија во Украина, но и поради одговорот на Москва со противсанкции.

„Нашето истражување ја потврдува новата стварност со кој се соочуваме од почетокот на агресорската војна“, вели Трејер проценувајќи дека германскиот реален извоз годинава ќе порасна за 2,5 отсто, за еден процентен поен послабо од просекот во претходните десет години.