Во 2024 година германските компании не очекуваат закрепнување. Тие со месеци се борат со високата инфлација, флуктуации на цените на енергијата и геополитичка нестабилност и во голем дел се песимисти. Тоа го покажуваат резултатите од новото истражување на Германскиот економски институт (IV) на повеќе од 2.200 компании од Келн. Само 23 отсто од нив биле оптимисти за следната година, додека 35 отсто имале негативни очекувања.
Институтот утврди дека состојбата особено се влошува во градежниот и во индустрискиот сектор.
Според истражувањето, долгиот период на отворање работни места во Германија засега најверојатно ќе заврши, бидејќи само 20 отсто од компаниите очекуваат да вработат повеќе луѓе во наредната година во споредба со 35 отсто кои очекуваат помалку вработувања. Истражувањето укажа на „продолжување на економскиот шок во Германија“, при што деловните очекувања се враќаат на нивоата регистрирани во есента 2022 година.
Во врска со инвестициите: само 27 отсто од компаниите рекле дека следната година планираат да инвестираат повеќе, додека 36 отсто планираат да потрошат помалку.
Извор: BiznisPRO.com