Германскиот канцелар Олаф Шолц во средата го имаше првото соочување со прашањата на пратениците на кое опозицијата го решеташе со прашањата за тоа како и кога неговата каолициска влада планира да го воведе спорното задолжително вакцинирање против Covid-19.
Олаф Шолц стана канцеларт на почетокот од декември кога бише скучена коалицијата меѓу неговата Социјалдемократска партија на Германија (SPD), Зелените (Bündnis 90/Die Grünen) и либералната Слободна демократска партија на Германија (FDP).
Конзервативците од Унијата на Христијанско-демократската унија (CDU) и на Христијанско-социјална унија (CSU) кои сега се во опозиција по десет години на власт, го искористија појавувањето на Шолц во парламентот за обвинување на владата дека калкулантски не сака јасно да каже дали и кога ќе ја воведе обврската за вакцинирање против коронавирисот.
Шолц планира за законот да се гласа во парламентот, наместо одлуката за тоа да ја донесе владата, што опозицијата го оцени како недостиг од решителност и обид да се избегне осудата и реакцијата на јавноста.
„Ваќно е за тоа да се изјасни секој пратеник. Јас, во секој случај, сум за задолжителното вакцинирање и активно за тоа ќе се борам“, изјави канцеларот во парламентот и истакна дека тоа се однесува на сите повозрасни од 18 години.
Воведното обраќање на Шолц по само неколку секунди го прекинаа пратениците од десната евроскептична и противдоселеничка партија Алтернатива за Германија (AfD), кои равија транспарент на кој пишуваше „Слобода, а не поделби!“. Тоа се однесува на тврдењето на оваа партија дека владините епидемиски мерки прават поделби во германското општество.
Засега непознато е кога ќе биде воведено задолжителното вакцинирање, бидејќи партиите не се согласуваат во тоа како тоа да се изведе. Шолц претходно зборуваше дека Бундестагот за тоа би требало да донесе одлука на почетокот од февруари или март, но тоа се чини малку веројатно.
Станува збор за чувствително прашање за коалицијата во којашто либералните претставнци се меѓу најголемите скептици во врска со задолжителното вакцинирање. Вакцинацијата е и главната тема на редовните масовни протести против владините епидемиолошки мерки во кои ширум Германија учествуваат илјадници луѓе.