Германските производители на автомобили песимисти

Деловното расположение на компаниите во германската автомобилска индустрија дополнително се влоши во ноември, според истражувањето на институтот Ifo во петокот.

Анкетираните компании ја оценуваат актуелната деловна состојба подобро отколку во октомври, но изразуваат поголем песимизам во деловните прогнози за наредните месеци, открива институтот.

Индексот на деловната клима на Ifо во најважниот сектор на германската индустрија паднаl во ноември трет месец по ред, на минус 16,8 поени. Во октомври беше минус 16,3 поени.

Деловните прогнози се влошија од јуни, покажа ifo.

„Германската автомобилска индустрија е заглавена во фаза на опаѓање“, заклучи експертот за индустриска економија и нови технологии на Ifo, Анита Воелф.