Германските ресторани ќе продаваат храна во амбалажа што ќе се користи повеќе пати

Од 2023 година во Германија, рестораните за брза храна, пекарниците, бистрите и кафулињата кои продаваат храна за носење (To go) ќе мора да ги нудат своите производи во пакување за еднократна употреба, но и за повеќекратна. Според федералната влада, во Германија секој ден се создаваат 770 тони отпад од пакување само од пакување за еднократна употреба.

Новата регулатива има за цел да го промени тоа. Варијантата за повеќекратна употреба не смее да биде поскапа од производот во пакување за еднократна употреба.
Покрај тоа, соодветните чаши за повеќекратна употреба мора да бидат достапни за сите големини на пијалоци за носење, а пакувањето не смее да се нуди под полоши услови од она за еднократна употреба.
Амбалажата за повеќекратна употреба е дозволено да се издава само со депозит, што ќе се враќа по враќањето на амбалажата, пишува Fenix ​​Magazine.
Од обврската се ослободени помалите дуќани, како киосците, кои вработуваат вкупно пет лица или помалку, а чија продажна површина не надминува 80 метри квадратни. Сепак, тие продавници мора да им дозволат на своите клиенти повторно да ги полнат своите контејнери за повеќекратна употреба.