Германските судови од почетокот на ноември се преплавени со тужби против новите мерки за затворање кои се на сила од почетокот на месецот, а судот во Диселдорф во понеделникот ја укина општата обврска за носење маски во овој град.
„За граѓаните не е недовсмислено јасно каде и кога се обврзани да носат заштитна маска. Поради тоа на граѓаните им се остава самите од случај до случај да одлучат за тоа дали треба да ја носат максата или не“, стои во образложението на Управниот суд во Диселдорф кој со оваа пресуда го укина општото задолжително носење заштитни марки во овој град на западот на Германија.
Судот заклучил дека упатството на градските власти, според кој обврската за носење заштитна маска зависи од „периодот на денот, просторната ситуација и бројноста на минувачите“ и од тоа доколку не е можно да се одржува растојанието од најмалку пет метри е „непрегледна“.
Од воведувањето на новите мерки на „затоврање“ чија цел е максимално да се намалат социјалните контакти на луѓето, судовите во германските градови се преплавени со тужби од граѓаните и организациите против овие мерки кои најчесто се одбиваат.
Така Управниот суд во Манхајм ја одбил тужбата на еден граѓанин кој во ноември сакал да мине неколку дена во Хајделберг. Меѓутоа, бидејќи најновите мерки им забрануваат на хотелите да прифаќаат гости од туристички причини, хотелот му ја откажал резервацијата. Судот одлучил дека моменталните околности во којашто „на погодените со пандемијата на коронавирусот им се закануваат тешки последици по здравјето“ имаат поголема тежина отколку правото на поединецот на хотелско сместување во туристички цели.
Вишиот управен суд во сојузната покраина Баварија отфрлил, пак, повеќе тужби од угостители кои барале изземање од општата забрана за работа на угостителските објекти.
Судот во сојузната покраина Мекленбрг-Поморје ја отфрлил тужбата на едно студио за тетоважа кое се жалело на забраната за работа и укажало на „нелогичноста на одлуката“ според којашто фризерските салони не потпаѓаат под оваа забрана, додека салоните за масажа и студиите за тетовирање потпаѓаат.
„Фризерските салони, за разлика од студијата за тетовирање, спаѓаат во темелните сервиси за граѓаните“, стои во образложението на судот.
Управните судови во повеќе случаи заклучиле де е проблематично што новите мерки за „затворањето“ не ги потврдле парламентите, како и локалните, така и сојузниот, но по ова прашање не носеле никакви одлуки.