Германските Зелени ја обвинија и Хрватска за „геноцид“ во Сребреница

Младината на германската партија Зелени (Bündnis 90/Die Grünen), којашто е дел од трипартиската владина коалиција, објави твит во кој покрај Србија, и Хрватска ја обвинува за военото злосторство квалификувано како геноцид во Сребреница во текот на војната во Босна и Херцеговина во 1990-те години.

Хрватските медиуми пишуваат дека споменатата објава сѐ уште не е отстранета и покрај многубројните предупредување во коментарите за „фалсификување на историјата“.

„Денеска пред 27 години во Сребреница во текот на неколку дена убиени се повеќе од 8.000 луѓе. Тоа беше дел од геноцидот над Бошњаците кои ги извршија Србите и Хрватите“, се наведува во организацијата Младина на Зелените (Grüne Jugend), објавена уште минатата седмица по повод годишнината од масакрот во Сребреница.

Но ниту по една седмица спорната објава на Twitter и покрај бројни реакции кои наведуваат дека станува збор за „фалсификување на историските факти“, не е отстранета.

Во германскиот Бундестаг неодамна беше усвоена необврзувачка резолуција за БиХ, во која социјалдемократскиот пратеник од хрватско потекло Јосип Јуратовиќ бараше покрај Милорад Додик и Драган Човиќ, како „носители на српскиот и хрватскиот национализам“, во резолуцијата да биде споменат и Бакир Изетбеговиќ како „носите на бошњачкиот национализам“. Медиумите во БиХ пишуваат дека поради тоа му била откажан повикот да одржи говор на одбележувањето во Сребреница.

На почетокот од јули претседателот на Домот на народите на Парламентот на Босна и Херцеговина, се обрати со писмо до германскиот Бундестаг, тврдејќи дека предлог-декларацијата за БиХ е злоупотребен за поддршка на радикалните бошњачки елементи во земјата коишто заговараат неуставни решенија коишто би довеле до остварување бошњачка доминација над Хрватите.

Предлог-декларацијата којашто ја составиле пратениците на владејачката „Семафор“ коалиција, на социјалдемократите, зелените и либералите, претходата седмица беше упатен во парламентарна процедура во германскиот Бундестаг. Во неа се поддржува европскиот пат на БиХ, а како закана за суверенитетот на земјата, блокадите и поделбите се обвинуваат водечкиот српски функционер Милорад Додик и хрватскиот Драган Човиќ.

Човиќ во писмото упатено до германската пратеници, наведе дека со содржината на декларацијата се оди во прилог на остварувањето бошњачка доминација над Хрватите во БиХ, пренесуваат денеска хрватските медиуми. Притоа оцени дека е клучно да се гарантира спречување на инженерингот според кој „мнозинскиот бошњачки народ им ги наметнува претставниците на Хрватите во домот на народите и во Претседателството на БиХ“.

Хрватските медиуми истакнуваат дека во нацрт-декларацијата на германскиот парламент учествувал и известувачот на Бундестагот за БиХ, пратеникот од владејачката Социјалдемократска партија на Германија (SPD), Адис Ахметовиќ кој има корени токму од БиХ, кој и претходно жестоко се противеше на предлозите за изборни реформи кои ги изработија хрватските политички претставници.

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, исто така, изјави дека во споменатиот германски документ е „препознатлив ракописот на бошњачкото лоби“.