
Како последна од трите партии на идната германската коалициска влада, партијата Зелени (Bündnis 90/Die Grünen) во понеделникот, по гласањето во партиската база, го одобри коалицискиот договор за учество во социјалдемократско-зеленао-либералната владата, или според партиските бои наречена „семафор коалиција“.
За влегување на Зелените во коалицијата, гласале 86 отсто од членовите на партијата, а учествувале 71.159 членови. Истовремено партиското членство го одобриле и именувањето членови на идната влада од партијата на Зелените.
„Овој резултат претставува ветер во грбот за почеток на семафот коалицијата. Сега треба да се фатиме за работа за да ги оствариме целите кои ги зацртвавме“, изјави потпретседателската на партиајта и идна министерка за надворешни работи Аналена Бербок при објавувањето на резултатите од гласњето на партиската база во Берлин.
Во текот на викендот и другите две партии од идната коалиција, Социјалдемократската партија на Германија (SPD) со речиси 99 отсто од гласовите на присутните делегати на вонредниот партиски конгрес, и Либерлано-демократска партија (FDP) со 92 отсто од присутните делегати исто така на вонредниот партиски конгрес, го одобрија коалицискиот договор и влегување во коалициската влада.
Во вторникот би требало да биде потпишан коалициски договор, а во сред новиот состав на Бундестагот би требало социјалдемократот Олаф Шолц да го изгласа како канцелар, а потоа и да биде потврдена новата влада.
Како што е претходно најавено, партијата Зелени го го преземе министерството за надворешни работи со Аналена Бербик, новоформираното министерство за стопанство и зашита на климата Роберт Хабек, за земјоделство и заштите на потрошувачите Чем Ездемир, за семејство Ане Шпигел и за заштита на животната околина Штефи Лемке.
Зелените во надворешната политика најавија поостар курс противи Кина и Русија па се очекува ескалација на тензиите меѓу Западот и двете сили што особено ќе се одрази во Европа, а најавеното министерство за стопанство и заштита на климата би требало подобро да ги усогласи потребите на стопанството со климатските цели.