Популарноста на германските Зелени е во подем по изборот на кандидтката за премеирка на септемвриските парламентарни избори, и според резултатите од анкета објавени во неделата имаат поголем поддрпка меѓу гласачите од конзервативнат Христијанско-демократска унија (CDU) на актуелната канцеларка Ангела Меркел.
Станува збор за второто истражување на јавното мнение објавено оваа седмица коешто упатува на пресврт и, доколку реултатите од анкетите се потврдат и на изборите есенва, првпат во политичката историја на Германија, канцеларското место да припадне на друга партија освен двете најстари социјалдемократите и демохристијаните, во случајот Зелените.
Анкетата којашто за неделното издание на дневниот весник Bild ја спровел инстутот Kandar, на Зелените им дава 28 отсто од гласвоите, што е скок за шест процентни поени во однос на претходното истражување кое следеше по именувањето на нејзината претставничка Аналена Шарлота Алма Бербок за ткн „шпицен кандидат“ односно кандидат за канцеларската позиција.
Според анкетата, кознервативците загубиле два процетни поени, и сега имаат 27 отсто од гласовите, по контроверзното именување на нивниот шпицен кандидат, претедателот на CDU Армин Лашет кој не ужива голема популарност, бидејќи јавноста го перцепира како „човек на естаблишментот“ и на самата Ангела Меркел.
Се чини и дека најстарата германска партија Социјалдемократската партија на Германија (SPD) продолжува со слободниот пад кога станува збор за поддршката од гласачите, и падна на 13 отсто гласови. Пад бележо и десната противдоселеничка и евроксептична партија Алтернатива за Германија (AfD) со 10 отсто, и партијата Левица со 7 отсто.
Во анкетата која беше објавена во вторникот по нарачка на телевизиите RTL и NTV, Зелените првпат имаа предност со 28 отсто од гласовите, со што избија пред конзервативците.
Зелените во понеделникот ја избраа својата шармантна 41-годишна потпретседателка Аналена Бербок за канцеларска кандидатка на парламентарните избори во септември.
Партијата Зелени веќе подолго време во испитувањата на јавното мнение уживаат силна поддршка меѓу 20 и 23 отсто, со што беа втори зад конзервативната коалиција CDU/CSU.
Доколку по септември се случи формирање на германска влада со левичарска ориентација, меѓи Зелените, социјалдемократите и партијата Левица, Бербок би била новата канцеларка.
Меѓутоа, Зелените истовремено е отворена и за коалиција со демористијаните, што во неколку сојузни покраини досега се покажа како успешна опција.