Германското разузнавање смее да ја квалификува младината на AfD како „докажана екстремно десничарска“ организација

Германското Биро за заштита на уставниот поредок (BfV), смее да ги третира младите на десничарската суверенистичка и противдоселеничка партија Алтернатива за Германија (AfD) како здружение со екстремно десничарски поглед на светот, објави Управниот суд во Келн во вторник.

Управниот суд во Келн ја отфрли тужбата на Млада Алтернатива (ЈА), подмладокот на AfD, против одлуката на Федералното биро за заштита на уставниот поредок да ја вклучи оваа организација во организациите со „утврдени екстремно десничарски стремежи“.

Досега подмадокот на AfD беше квалификуван за „потенцијално крајно десничарска“ организација. Новата оценка со која се третира како „утврдена екстремна десница“ им овозможува на државните органи да ги користат методите на тајните служби како прислушување и следење на активностите на членовите за да спречат евентуални поголеми загрозувања на уставниот поредок на Германија.

Во одлуката на судот се наведува дека мерката за ваквото третирање на ЈА како екстремно десничарска организација не е насочена против самата партија, туку служи само за да се утврди дали активностите на таа партија го загрозуваат уставниот поредок на Сојузна Република Германија. .

Во образложението на одлуката се наведува дека ЈА следи светогледи засновани на „националистичка“ и „расна и етничка“ идеологија, а ЈА спроведува и „силна агитација“ наводно насочена против припадниците на муслиманската заедница и против странците воопшто.

Младинската организација AfD „продолжува да го застапува концептот на етничко потекло, а исклучувањето на етнички странци е централна идеја на ЈА и затоа е навреда против човечкото достоинство“, според судот во Келн

„Покрај тоа, ЈА продолжува да се занимава со масовна агитација против странците и особено против исламот и муслиманите. Барателите на азил и мигрантите се генерално сомничат и омаловажуваат. Имигрантите генерално се етикетирани како паразити и криминалци или омаловажувани на други начини, непочитувајќи го нивното човечко достоинство“, се додав во одлуката на судот.

Судот оценил дека ЈА наводно “дејствува спротивно на принципите на демократијата на сите политички нивоа и ја поистоветува Сојузна Република Германија со диктаторските режими, особено нацистичкиот режим и поранешната Источна Германија“.

Заедно со оваа квалификација на младите на AfD како „докажана екстремна десница“, беа дефинирани и некои други ограноци на AfD, како огранокот во Тирингија. Во сојузните покраини на истокот на Германија, десничарската AfD во меѓувреме ужива поддршка од над 40 отсто од гласачите, а во остатокот од земјата се приближи кој 25-процентна поддршка со што подолг период е втората според рејтингот партија, со речиси иста процентуална поддршка како сите три партии заедно од владејачката коалиција.