Героски и Зекири во кавга за уредничкото столче во МРТ

Героски и Зекири во кавга за уредничкото столче во МРТ. Уредничкото место на Националниот сервис е дел од преговорите на политичките партии, а станало причина за кавга помеѓу уредниците Бранко Героски и Мухамед Зекири.

Како што објави порталот Максим, Героски од поодамна е главен кандидат на опозициската СДСМ за уредник на информативната редакција на првиот државен канал. Тој не ги негираше ваквите информации и со постојаните настапи во кои креираше стратегија за работење на јавниот сервис само ги потврди тврдењата. Но, по оставката на Зекири од Алсат, на Геро му се помешале сметките.

Како што дознава Максим, се до вчера било скоро целосно договорено Героски да биде кандидатот на СДСМ за оваа позиција, но утрината уредникот на Слободен Печат се разбудил со информацијата дека и покрај инсистирањето на заменичката на Заев, Радмила Шекеринска, по се изгледа Заев од Израел пресекол дека СДСМ настапува со Зекири како кандидат за позицијата на Горан Петрески.

По оставката која утринава ја поднесе Зекири, на Героски му станало целосно јасно дека е извисен по што веднаш почнал да се јавува кај Шекеринска и да се заканува дека неговите медиуми повеќе нема слепо да ја следат уредувачката политика која ја наметнува Бихаќка.

Пресметката со конкуренцијата почна уште вчера, кога Героски видно изреловтиран од фактот дека Заев не понесе ни еден новинар од Слободен Печат и Плусинфо со него во Израел, на својот фејсбук профил напиша дека носењето на патување е форма на корупција.

Посетата на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на Израел е одличен дипломатски потег. Сега преостанува само уште една ситница. Предлагам известувачите од оваа посета, кои известуваат од местото на настанот, јавно да кажат, а уште поубавво и да докажат, дека патувале на сметка на своите редакции. Заради принципот, нели. СДСМ не смее да се однесува како ВМРО-ДПМНЕ и да носи „свои“ новинари на патувањата на своите функционери. Јас сакам да верувам дека овој пат тоа не се случило, вели Героски.

Од друга страна, како што дознаваме, Зекири си поднел оставка затоа што од раковотството на Алсат му било посочено тоа да го стори уште сега, пред да стане официјално предложен, затоа што во спротивно би излегло дека партискиот кандидат на СДСМ е нивен актуелен уредник што би значело дека телевизијата е партиска.

Секоја разделба е болна, посебно кога се разделуваш од нешто што ти било во срцето и што си го растел и со го изградил. Но, секој почеток има и свој крај. Таков е животот. Десет години се една декада, бев тука кога се роди и допринесов бар малку да порасне и биде тоа што денеска е ТВ АЛСАТ-М, изјави Зекири за оваа ситуација.

За сега, порталот Максим објави непотврдени информации кои велат дека во текот на целиот ден Героски се обидувал да стапи во контакт со Зекири и да му посочи дека предлогот „албанец уредник на МРТ“ е само оружје во рацете на ВМРО-ДПМНЕ кои би го обвинувале СДСМ за албанизација. Зекири не одговарал на неговите телефонски повици.