Главната медиумска перјаница на СДСМ, Бранко Героски, продолжува со најпогрдни зборови да ги опишува работите кои не му одговараат, пишува Курир.
По спотот нарачан од ВМРО-ДПМНЕ, каде се наведени навредите кои Героски им ги упати на граѓаните, реагира овој уредник на опозициските ПлусИнфо и Слободен печат.
Имено, во спотот и флаерите со содржина „Кажи им НЕ на тие што те навредуваат! Ова е твоја земја, ти одлучуваш“, напишани се само дел од навредите кои Героски ги посочи до граѓаните и до владејачката партија. Со ваков коментар на својот Фејсбук профил, Героски всушност упаќа нови пцовки, затоа што некој ги објави неговите зборови.
„Гневот, деструктивноста и навредите се заштитен знак на СДСМ“, стои како порака на овој прилог.
Со продолжување на ваквиот однос, Бранко Героски го потврдува сето она што е наведено во спотот и во прилогот кој тој го коментира, а тоа е дека токму вакво е вистинското лице на опозицијата.