
Слушам, бабата кажала кој ја убедувал да ги даде парите. Ќе биде незгодно вечер на Бихаќка… напиша на Фејсбук, новинарот, Бранко Геровски.
Вечерва во седиштето на СДСМ треба да се одржи состанок на Централниот одбор на кој се очекува разрешувања и именувања на партиските потпретседатели, во атмосфера кога валдејачката партија ја тресе аферата „Рекет“ за која притвор ѝ е одреден и на специјалната обвинителка Катица Јанева, а како вмешани во скандалот се споменуваат и имиња на високи партиски фунционери на социјалдемократите.
Инаку „бабата“ за која денеска пишува Героски е пензионерката Лилјана Тодоровска која е потписничка на проектот за Европски центар за Меѓународниот сојуз на Борјан Јовановски Боки 13 и исто така веќе притворениот Зоран Милески Кичеец. Есента 2017 година, според нејзините искази за медиумите, на нејзината сметка ѝ бил префрлената сума од 750.000 евра. Таа заминала во една експозитура откако во централата на банката најавила подигање на целата сума. Пред да ги подигне парите, платила данок од 10 отсто. Кога жената отишла да го подигне кешот, носела торба, а вработените првин мислеле дека таа е дојдена да си ја подигне пензијата, но потоа сфатиле дека станува збор за огромна сума која веќе им била доставена. Веднаш по излегувањето бабата со торба пари се качила во автомобил и заминала.
„Ограбена сум. Мене парите веднаш ми се земени од луѓето кои беа со мене во банка. Веднаш потоа ми беа земени парите“, рече тогаш Лилјана Тодоровска во телефонски разговор за ТВ Телма.
Своевремено во колумна на Геровски овој бизнисмен е посочено дека е Силјан Мицевски. Наводно требало да се гради проект за старечки домови а идејата била на Тодоровска. Била пласирана на отворениот ден за идеи на претходната власт а кај премиерот Зоран Заев лично на една од двете средби ја презентирал боки 13-ка.