Неделните натпревари од 31. коло во шпанската Примера дивизион понудија неколку очекувани, но и неколку неочекувани резултати.
Најголемото изненадување го приредија фудбалерите на Хетафе кои многу полесно од очекуваното со 3:1 славеа на тешкото гостување во Валенсија.
Без победник, 1:1, заврши дуелот помеѓу новајлиите во елитното друштво, Виљареал и Елче, а со идентичен резултат заврши и дуелот помеѓу екипите на Осасуна и Реал Сосиедад.
Минимална победа од 1:0 во дуелот против гостинскиот тим на Алмерија, забележаа фудбалерите на Ваљадолид.