Гевгелија го бележи рекордниот број новозаразени со коронавирусот во еден ден

Според извештајот на Институтот за јавно здравје, Општина Гевгелија со новонотираните осум новозаболени лица,го собори дневниот рекорд на инфицирани со коронаворусто во еден ден, потврдија од Подрачната единица на Центарот за јавно здравје во Гевгелија од каде велат дека од почетокот на пандемијата до денеска ова е најголем број на случаи во југоистокот од земјата.

„Ова се должи, пред сѐ, на недисциплината на нашите сограѓани кои и покрај предупредувањата и нашите секојдневни апели, не ги почитуваат препораките за доследна примена на заштитните мерки, пред се, за носењето маски, држењето социјална дистанца и миење и дезинфекција на рацетеЕ, рече епидемиологот доктор Сашо Олумчев.

Тој апелираше заштитните маски да се носат дури и на отворен простор, поради опасноста од ширење на вирусот и по воздушен пат.

Констатацијата на докторот за недициплинираното однесување на граѓаните од Општина Гевгелија во однос на примена на заштитните мерки и почитување на протоколите за заштита од ширење на коронавирусот ја потврдува и податокот од Полициката станица со општа надлежност од Гевгелија според кој за период од четири месеци на територијата на општината се изречени 1.512 казни за неносење на заштитни маски