Советот на општина Гевгелија донесе одлука за доделување финансиска помош во висина од 400.000 денари за настраданите жители од поплавата што го зафати скопско-тетовскиот регион на 6 август оваа година.
Како што беше нагласено во дискусијата на седница на Советот, одлуката е донесена поради фактот што се работи за природна непогода со катастрофални последици кои гевгеличани ги имаат добро почувствувано од поплавата што го зафати овој крај во 2004 година.
Претходно, Општина Гевгелија испрати шлепер со хуманитарна помош за поплавеното подрачје која се состоеше од вода за пиење,средства за лична хигиена, санитарни средства и храна за бебиња, а вработени од ЈПКД „Комуналец“ од Гевгелија со неколку возила учествуваа во испумпувањето на водата од куќите и рачистувањето на теренот од ѓубрето што остана по повлекување на водата.