Гевгелиски Комуналец добил месечна сметка за струја од 140 илјади евра!

Новата сметка за електрична енергија за јули, фактурирана кон ЈПКД Комуналец изнесува 8.508.236 денари, дознава ТВ Нова 12.

Вклучувајќи ги сите параметри од делот на функционирањето на претпријатието, оваа сметка го вклучува алармот за функционирање на претпријатието во иднина. Електричната енергија, која е неопходна за функционирањето на пумпите и пумпните станици со кои се снабдува со вода градот и населените места, е ресурс и трошок кој не може да се редуцира, велат од претпријатието.

ЈПКД Комуналец се соочува со трошоци за електрична енергија неколкукратно поголеми од трошокот претходната година, а во некои месеци трошокот за електрична енергија изнесува и до 70 отсто од вкупниот фактуриран приход на претпријатието. Во изминатите седум месеци збирот на сметките за електрична енергија изнесува 33.686.398 денари, а во првите седум месеци во 2021 година, кога збирот изнесувал 8.500.784 денари. Оваа ситуација на претпријатието со овие цени на услугите е неодржлива и го загрозува функционирањето, а со тоа и снабдувањето со вода на граѓаните, велат за телевизијата од јавното претпријатие.